Манастир Света Троица – Скачковце

Света Троица
Манастирскиот комплекс се наоѓа на ридот над селото и се состои од конак, 12-метарски крст, библиотека, камена кула, статуи на Богородица, Свети Климент, велигденско јајце од 3 м и други содржини интересни за посетителите. 12-метарскиот крст кој се наоѓа на имотот бил пронајден и реконструиран во 1996 година, а самиот манастир е изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година. Манастирот денес служи за крштевки, венчавки и молитиви.

Оградениот комплекс зафаќа простор од 20 хектари и е урбено уреден со стази, места за седење, фонтана, мала зоолошка и игралиште за деца. За оваа оаза која се одржува со многу труд, но и со многу љубов, се грижи ктиторот на манастирот, прота Стојан Пајковски.

Местото е познато како крстно место во селото Скачковце. Светилиштето постои од 13 век и за него се запишани многу чудесија уште во турските тефтери.

Advertisements