Споменикот Четири Бандери

Chetiri Banderi
Споменикот Четири Бандери е поставен на обновениот плоштад Нова Југославија во 2006 година, на истото место каде што во 1937 година биле поставени четирите дрвени бандери и трансформаторот, кои биле дел од проектот за електрификација на градот. Со текот на времето, локацијата каде што биле поставени на т.н. тумба, станала култно место на среќавање на Кумановци и симбол за препознавање.

Advertisements