Градски Плоштад

Nova Jugoslavija
Плоштадот е централниот плоштад во Куманово и се наоѓа во срцето на градот. Тука можат да се видат многу интересни споменици и згради. Почнувајќи од Занаетчискиот дом, кој е најзначајното обележје на Куманово, и се наоѓа на југоисточната страна на плоштадот. Веднаш наспроти Занаетчискиот Дом е статуата на Батко Ѓорѓија, урбаната легенда на градот, со прекрасна фонтана. Наспроти улицата се наоѓа „Касапскиот Круг“, кој денес претставува административна зграда. На централниот плоштад, на североисточната страна, се наоѓа споменикот наречен „Четири Бандери“ со фонтана. Трговскиот центар Нама е на северната страна на плоштадот. Кумановскиот плоштад е место за средби, како и централно место за релаксација на граѓаните во Куманово. Во близина на плоштадот има многу продавници, кафулиња, ресторани и барови каде можете да убаво да си поминете или едноставно можете да седите на една од клупите поставени околу зелените цветни површини и да го набљудувате динамичниот начин на живот на граѓаните во Куманово. Многу настани, како концерти, изложби, саеми и слично, се одржуваат на плоштадот. Традиционално, секоја Нова Година, Градоначалникот и Советот на Општината, организираат заедничка прослава со настапи на регионални музички ѕвезди и огномет. Уште еден голем настан кој се одржува на централниот плоштад во Куманово, е прославата на Денот на ослободувањето на градот – 11 Ноември.

Advertisements