Уметничката Галерија Куманово

Уметничката Галерија Куманово
Уметничката галерија е сместена во комплексот на старата општинска зграда, објект изграден во триесеттите години на минатиот век, по проект на општинскиот архитект Владимир Антонов. Отворена е на 16 јуни 1967 год. со првата ликовна изложба „Југословенски и странски уметници“, а во текот на 2006 година повторно е реновирана. Објектот располага со 5 изложбени сали (187 м2), депо и работна просторија. Наменета е за времени изложбени поставки, како од ликовната уметност, така и од археологија, историја, етнологија и историја на уметноста. Во неа работи Одделот за ликовна уметност, кој е во склоп на Н.У. Музеј – Куманово. Во текот на своето постоење, овој оддел има постигнато значајни резултати во организирање на самостојни и групни ликовни изложби, како и одржување на Ликовната колонија „Куманово“ која секоја година се реализира во соработка со Општина Куманово.

Advertisements