Касапски Круг

Kasapski Krug
Според одредени сознанија, објектот е дело на инженер Владимир Антонов и е изграден во периодот меѓу 1930 и 1934 година. Според оригиналниот проект претставува објект со триаголна основа, со П + 1 кат, меѓутоа, катот не е целосно изграден. Приземјето се состои од содржини од јавен карактер како што се трговија, угостителство, култура, а на катот се наоѓаат административни простории.

Објектот располага со атриумски простор во кој се влегува од два влеза и во него подолг период биле концентрирани продавници за месо. Подоцна,овој простор доби нови содржини со угостителски карактер, за денес да претставува пријатно место за дружење на нашите сограѓани.

Овој , како и повеќето јавни и приватни објекти проектирани од Владимир Антонов, ги отсликуваат тогашните модерни движења во архитектурата на овие простори.

Advertisements